Поранешниот светски шампион во тешка категорија запиша брза победа над непоразениот до овој момент Германец Том Шварц откако го нокаутираше во втората рунда на нивниот дуел во Лас Вегас.

Британецот тотално го надигра противникот од почетниот гонг и го испрати во нокдаун во втората рунда, а судијата Кени Бејлес го прекина натпреварот малку потоа, откако Шварц веќе не можеше да возвраќа на ударите на Фјури. На тој начин, Циганскиот крал ја забележа 28-та победа во својата професионална кариера, при што има и еден нерешен натпревар, но сè уште не го познава вкусот на поразот. Тоа беше прв дуел за Фјури по неговиот нерешен со светскиот шампион Дионтеј Вајлдер во декември минатата година.

По успехот во Лас Вегас Фюри изјави дека планира да боксува уште еднаш на крајот на септември или почетокот на октомври, по што да организира реванш со Вајлдер следната година.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO