Израелски суд и одреди парична казна на сопругата на премиерот на земјата Сара Нетанјаху за незаконско трошење на буџетските средства за нарачка на храна од ресторан.

Ставајќи точка на 4 годишниот судски процес, судот во Ерусалим го потврди договорот со обвинителството – во замена за признавањето на својата вина, а обвинителството се согласи да го преквалификува обвинението од измама на „намерно користење на грешка на друго лице“.

„Судот го утврди договорот меѓу Нетанјаху и канцеларијата на државниот обвинител, во согласност со кој во буџетот ќе бидат вратени 55 илјади шекели / околу 15 илјади долари /“, соопшти локалната радио станица „Кан“.

Причината за судската истрага на Сара Нетанјаху, која исто така ги враќала незаконски испиените шишиња од вино за амбалажа, беа порачките на ресторанска храна и кетеринг за резиденцијата на владата, и покрај постоењето на готвач и персонал за сервис. Штетата што таа го направила се проценува на околу 100.000 долари.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO