Деградацијата на рамнотежата помеѓу функциите на институциите што дејстуваат во Албанија ја доведе албанската држава во голема институционална, политичка и економска криза. Секое потценување може да доведе до опасни ситуации. Тоа го изјави поранешниот албански претседател Бујар Нишани, коментирајќи ја ситуацијата во земјата и недоразбирањата помеѓу премиерот Илир Мета и премиерот Еди Рама во врска со локалните избори.

Нишани додава дека денес Албанија ги има најслабите институции и истакнува дека организираниот криминал и корупцијата станале дел од политиката.

„За да ја надминеме оваа ситуација, создадена во албанската држава, треба сериозно да ја примиме. Ситуацијата во нашата земја е крајно критична, а понатамошното запоставување може да доведе до големи судири „, смета Нишани.

Според него, албанската интеграција во Европската унија е блокирана, а главен виновник за ова е сегашната албанска политика предводена од Еди Рама.

Нишани додаде дека оваа политичка класа го загрозува слободното движење на албанскиот народ.

Бујар Нишани беше претседател на Албанија од 2012 до 2017 година, а пред тоа беше министер за внатрешни работи.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO