Лидерот на албанската опозициска Демократска партија, Лулзим Баша, изјави дека на 30 јуни ќе биде политичкиот погреб на премиерот и лидер на владејачките социјалисти Еди Рама.

Опозициониот лидер смета дека „сега настапило времето на Албанија за сите Албанци“.

„На 30 јуни ќе се одржи политичкиот погреб на Еди Рама, пријателот на кланот Авдулаи и на криминалните банди. Албанците се дигнаа на национална битка за Албанија, како и цела Европа. Сега е време за Албанија на сите Албанци! Ниту чекор назад! “ напиша Баша на Фејсбук.

На 30 јуни, во земјата треба да се одржат локални избори, кои опозицијата ги бојкотира. Минатата недела албанскиот шеф на државата Илир Мета ги одложи изборите, но владејачката коалиција не ја призна оваа одлука и побара импичмент.

Во меѓувреме, претседателот на втората најголема опозициска партија, Социјалистичкото движење за интеграција, Моника Круемеди, се обрати кон премиерот Рама. Таа го повикува да им објасни на Албанците како државата е ставена во служба на организираниот криминал.

На Фејсбук, Круемеди изјави дека Рама ја внесол државата во состојба, в која се наоѓал Чикаго во 20-тите години на минатиот век.

Самиот Рама продолжува со својата предизборна обиколка и митинзи и изјавува дека нема и најмала можност за одложување на изборитете. Тој смета дека опозицијата нема никакви шанси и оди кон политичко самоубиство.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO