Странците сакаат опозицијата да не го беспокои општеството, затоа што српскиот претседател Александар Вучиќ им го ветил Косово.

Тоа го изјави поранешниот поранешниот претседател на Србија и лидер на Социјалдемократската партија, Борис Тадиќ, пред белградското издание Блиц. Тадиќ нагласува дека никој не може да каже кога ќе се стигне до решение на проблемот во Косово, но според него, поважно е како ова прашање ќе биде решено. Тој повикува на решение кое „ќе создаде две етнички заедници во Косово и ќе се стигне до излегување од ситуацијата на замрзнат конфликт“.

Тадиќ објасни дека „никогаш не би го поддржал решението на оние кои ветиле сервилност во однос на косовското прашање, за да дојдат на власт и за кои зачувувањето на нивните лични интереси и власта, се над зачувувањето на националните интереси“.

Поради оваа причина промената на актуелната власт е главниот дел од решавањето на косовскиот проблем, бидејќи без тоа нема и место за какво и да е решение кое навистина ги заштитува интересите на Србија и нејзините граѓани, смета Тадиќ.

За да се зборува за планот за Косово треба да се знаат природата и обемот на договорот и ветувањата што ги дала актуелната власт во текот на годините и нивната нетранспарентна косовска политика во текот на седумте години од владеењето на Вучиќ, како и напуштање тона нашите позиции во Косово, кажа уште Борис Тадиќ.

Тој повторно повика за директна телевизиски дебата со Вучиќ, „бидејќи е потребно граѓаните да ја разберат целата вистина, кои во моментов се изложени на тешка пропаганда и перење на мозоци“. „Додека не се разбере вистината, тие не можат да донесат правилни одлуки … Вучиќ има потреба од измамени граѓани, за да може да ги префрли врз нив одговорноста од референдумот за Косово“, рече поранешниот претседател на Србија.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO