Дефанзивецот на Ајакс, Матејс де Лихт, ќе го облече дресот на Пари Сен Жермен во текот на летото, соопшти Ел Мундо Депортиво.

19-годишниот дефанзивец ја претпочитал понудата на парижаните пред оние на Барселона и Јувентус.

Каталонскиот клуб одамна беше посочуван како фаворит за потписот на младиот фудбалер, но на Камп Ноу веќе се свесни за за ситуацијата и се помириле со тоа.

Според печатот, понудата на ПСЖ, исто така е најповолна за Де Лихт, кој во Париз ќе добива 12 милиони евра годишно. Минатата сезона Де Лихт играше во 55 натпревари. Неговата трансферна вредност е околу 75 милиони евра.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO