Словенечката Влада усвои декрет за ажурирање на листата на безбедни земји, а отстранета е Турција. Претходната листа на безбедни земји е составена во 2016 година, а нејзиното постоење значи дека Словенија веќе нема да ги враќа мигрантите или да ги екстрадира осомничените во држави кои не се наоѓаат на таа листа.

Трите дополнителни држави Грузија, Непал и Сенегал, односно земји кои не се членки на ЕУ, а кои врз основа на неколку фактори се вбројуваат во безбедни земји. Некои од факторите се дека во земјата не се врши прогон, малтретирање, нехумано однесување или казнување, како и дека нема опасност од внатрешни или меѓународни судири.

Иницијативата Турција да се отстрани од листата е покрената минатата година, откако Словенија ги одби барањата за азил на 38 лица од Турција.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO