Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека САД веруваат оти Иран е одговорен за нападите со кои биле оштетени два танкера во близина на Персискиот залив. Според Помпео, ова било дел од „иранската кампања за ескалација на тензиите“ и закана за меѓународниот мир.

Помпео додаде дека САД ќе ги бранат своите интереси во тој регион. Тензиите меѓу Вашингтон и Техеран се зголемија откако претседателот Доналд Трамп во минатата година реши да се повлече од нуклеарниот договор и воведе санкции врз Иран.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO