Љубљана денеска осамна со билборд, на кој се гледа војник во униформата на Југословенската народна армија со дигнати раце на предавање.

Билбордот беше нарачан од опозициската конзервативна Словенечка демократска партија на поранешниот премиер Јанез Јанша, кој на тој начин им го честиташе на Словенците Денот на државноста на Словенија – 25-ти јуни.

Билбордот предизвика бура во општествените и социјалните мрежи со оценки и коментари дека активностите на СДС се „неадекватни и берзвкусни“.

Словенија прогласи независност од СФР Југославија со усвојување на Уставната повелба од словенечкиот парламент на 25 јуни 1991 година.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO