Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО денеска е на дневен ред на седницата на Парламентот на Естонија, а влегува во процедура и во американскиот Сенат.

Естонија ќе биде 17-та земја што ќе го ратификува Протоколот, откако тоа минатата недела го стори германскиот Бундестаг, а денеска во Комисијата за надворешни работи на американскиот Сенат ќе има сослушување поврзано со пристапувањето на Северна Македонија во НАТО. На сослушувањето во Сенатот повикани се помошник државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер и Кетрин Вилбаргер, американски заменик помошник секретар за одбрана за меѓународни безбедносни прашања. Шеснаесет од 29 земји-членки досега го официјализираа пристапувањето на Северна Македонија во најголемиот воено-политички сојуз во светот.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO