Американскиот претседател Доналд Трамп побара од Aпелацискиот суд да ја поништи одлуката со која се бара неговата сметководствена фирма да достави финансиски извештаи. Адвокати на Трамп посочија во судот дека одлуката од 20 мај, со која судијата Амит Мехта побара од фирмата „Мазарс ЛПП“ да ги достави сите финансиски информации била погрешна и треба да се менува.

Одлуката на Мехта беше првпат федералниот суд да влезе во конфликт околу тоа колку далеку Конгресот може да оди кон истражување за Трамп и за неговото работење. Одборот за надзор во Претставничкиот дом смета дека е неопходно да се испита финансиското работење на Трамп, со цел да се утврди дали има конфликт на интереси и дали го прекршил законот со тоа што не се одвоил од своите работни места, како што тоа го направиле претходните претседатели.

Трамп одбива да соработува во серија истраги за прашања кои се движат од даночни пријави до хотели во Вашингтон, а во тужбата поднесена на 22 април се нагласува дека судскиот повик ги надминал уставните граници за овластувањата на Конгресот да врши истрага.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO