33 години од најголемата нуклеарна катастрофа во историјата. Припjат, градот до Чернобил, до неодамна беше речиси заборавен. Но, по успехот на телевизиската серија на каналот HBO, сѐ се промени. Одеднаш, интересот да се посети ова место нагло порасна.

„Чернобил“ на HBO стана неоспорен хит низ целиот свет, дури и надминувајќи ја Играта на тронови и Breaking Bad во IMDB.

Посетителите во мај оваа година беа 30% повеќе од вообичаеното, а туристичките резервации во текот на летните месеци се зголемија за 40%. Сите сакаат да се фотографираат во Чернобил и да се појават на Инстаграм или на некоја од другите популарни социјални мрежи.

Според гледиштата на многу кинематографери, ниту еден странски филм досега не бил во можност да постигне таква точна реконструкција на советската ера.

 

 

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO