Како единствен начин за избегнување на ескалацијата на тензиите во Албанија, претседателот Илир Мета ја објасни одлуката што ја донесе за одложување на локалните избори.

Според неговите зборови, двете спротивставени страни во спорот не се подготвени да седнат и да ги надминат недоразбирањата еден со друг.

Во вонредното обраќање на оваа тема, Мета истакна дека „без датум, кој ќе го определи претседателот, нема да има избори“.

Повикувајќи се на Уставот, тој рече дека претседателот на Републиката е единствениот уставен орган, кој има право да го одредува датумот на изборите и референдумите. Тој додаде дека изборите претставуваат момент на обединување на албанските граѓани и не може да биде ден на поделба.

„Постои реална опасност Албанија да тргне кон непредвидлива ескалација, која може да доведе до непредвидливи последици за националната стабилност на земјата и претставува закана за мирот во земјата. Развојот на слободни избори без учество на опозицијата ги нарушува некои уставни принципи. Не можев да го допуштам тоа како претседател „, рече Мета, одговарајќи на критиките и од владата и од опозицијата.

Укажувајќи дека со овој чекор тој не создава никаков вакуум во работата на локалната власт, тој ги повика политичките партии во земјата кон дијалог со цел надминување на кризата, по што ќе го објави новиот датум.

Потоа на „живо“ претседателот потпиша указ за укинување на претходниот декрет, со кој изборите беа закажани за 30 јуни.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO