Шефот на германската дипломатија Хајко Мас укажа на важноста од запирање на каква било спирала на ескалација во областа на Персискиот залив, во време на зголемени тензии со Иран.

Тој во Абу Даби пред денешните средби со ирански државни претставници во Техеран го истакна и значењето на натамошното спроведување на меѓународниот нуклеарен договор меѓу големите сили и Иран. Германија е една од потписничките на договорот од 2015 година што САД го напуштија лани.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO