Нема Бугарин кој би прифатил да се оддава почит на Гоце Делчев на 7 октомври, рече вицепремиерот и министер за надворешни работи на Република Бугарија Екатерина Захариева. Таа одговори на прашањето дали Бугарија ќе го прифати предлогот на историчарите од Северна Македонија за заедничка прослава на датумот кога коските на Гоце Делчев се предадени од Софија на Скопје. Запрашана за коментар дали треба да се блокира членството на Северна Македонија во НАТО во Европската унија, Захариева одговори:

„Во однос на започнување на преговори за членство во ЕУ, нивниот договор за асоцијација има обврска за добрососедски односи и во делот на историјата“.

Министерот за надворешни работи на Северна Македонија Никола Димитров додаде дека ако Гоце Делчев е жив, тој не би бил задоволен од поделбата која се случува околу неговото име:

„Ако беше жив, немаше да биде многу задоволен од поделбата што се случува околу неговото име“.

Делото на Гоце Делчев може да биде мостот за поврзување на историјата и денешнината на Бугарија и Северна Македонија. Ова го најави министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Никола Димитров, кој ја предводи владината делегација во Бугарија.

Заменик-премиерот на Бугарија Екатерина Захариева додаде дека Гоце Делчев е една од личностите која треба да не обединува, а не да не разделува. Захариева изрази надеж до крајот на годината дека комисијата на експерти од двете земји кои работат на историските прашања успешно да ја завршат својата работа.

Екатерина Захариева и Никола Димитров потпишаа протокол по првиот заеднички состанок на Меѓувладината комисија. Захариева се надева дека работата на Комитетот за историја ќе биде успешно завршена до крајот на годината. Двајцата министри високо го пофалија спроведувањето на Договорот за добрососедство и потпишаа протокол по првото заседание на Меѓувладината заедничка комисија.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO