Повеќе од 1 милион луѓе протестирале денеска во Хонгконг против плановите за промена на законот за екстрадиција, објавија организаторите на протестот, цитирани од АФП.

Ова е најголемата демонстрација откако административната област беше вратена во Кина.

Луѓето се спротивставија на законот, за кој има стравувања дека би можел да и дозволи на Кина да ги земе за цел своите политички противници на територијата.

Оспорениот законски проект за екстрадиција ќе им овозможи на осомничените да бидат судени во Кина.

Лидерот на Хонг Конг, Кари Лам, настојува на измените и дополнувањата да бидат усвоени пред јули. Поддржувачите на законот тврдат дека постојат заштитни мерки за да се спречи екстрадицијата во Кина на лица кои се соочуваат со верски или политички прогон.

Критичарите на законот велат дека жителите на поранешната британска колонија ќе станат жртви на длабоко дефектното судство на Кина и тоа ќе доведе до понатамошна ерозија на судската независност на градот.

Демонстрантите, кои излоа на улица на топлото време, облечени во бело, вклучуваа широк круг луѓе – од бизнисмени и адвокати до студентите продемократски фигури и религиозни групи.

Промените ќе дозволат барања за екстрадиција од различни органи на континентална Кина, Тајван и Макао на осомничени криминалци, како што се убиства и силувања.

Потоа, барањата ќе бидат решавани секој поединечно

Претставници на Хонгконг соопштија дека судовите во Хонг Конг ќе го имаат последниот збор дали да ги достават таквите барања за екстрадиција, а осомничени, обвинето за политички и верски престапи нема да бидат екстрадирани.

Владата се обидува да ја смири јавноста со некои отстапки, вклучително ветувајќи да предава само бегалци за престапи кои имаат максимални казни од најмалку седум години.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO