Селекторот на Франција, Дидие Дешан, призна дека неговиот тим се претставил исклучително слабо при поразот од Турција во квалификациите за Евро-2020 минатата ноќ.

Светските шампиони не упатија ниту еден точен удар и само еден непрецизен во целиот натпревар во Коња, кој го добија домаќините за 2: 0. „Кога тимот се претставува на ваков начин, не можеме да извлечеме ништо позитивно. Воопшто не го покажавме бараното ниво. Дури и да сме светски шампиони, ако играме вака, немаме никакви шанси. Вечерва добивме звучна шлаканица. Треба да го анализираме и да се подготвиме за нашиот следен натпревар по три дена. Нема што повеќе да додадем, освен да ја поздравам Турција „, коментираше Дешан по поразот.

По оваа загуба, Франција остана на второ место во групата H со шест поени од три натпревари, три зад лидерот Турција. Во вторник, Франција е домаќин на Андора.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO