Рафаел Надал се пласираше во финалето на Отвореното првенство на Франција за рекорден 12-ти пат во кариерата, откако победи големиот ривал Роже Федерер со 6-3, 6-4, 6-2 во првиот полуфинален меч од машката шема на турнирот.

Федерер ги беше заработил последните пет натпревари меѓу двајцата, но ниту еден од нив не беше на земја, а денес двајцата тенисери требаше да се справат и со тешките услови за игра на теренот Филип Шатрие, предизвикани од силниот ветер во Париз. Поради ветрот и двајцата дозволија бројни грешки во првиот сет, во кој Надал тргна со брејк и 3-0, но Федерер успеа да врати брејкот и да стигне до 2-3. Сепак, Шпанецот повторно го презеде водството и на крајот го затвори сетот со 6-3.

Швајцарскиот маестро силно го започна вториот дел и поведе со 2-0, но Надал брзо го поврати заостатокот. При 4-4 Федерер поведе со 40-0 на свој сервис, но Рафа успеа да земе пет последователни поени, за да стигне до одлучувачки пробив и потоа затвори сетот на свој сервис. Федерер немаше сила да се спротивстави во третиот сет, во кој Надал направи два брејка и потоа ја затвори играта по 2 часа и 25 минути.

11-кратниот шампион го заврши натпреварот со 33 победоносни удари и 19 неизнудени грешки, внесувајќи 81 отсто од прв сервис. Федерер, од своја страна, освои 25 винери, но направи 34 непринудени грешки и имаше слаб учинок при излегување на мрежа од 48 отсто (17/35).

На овој начин Надал се пласираше во финалето на Ролан Гарос за 12-ти пат, а таму ќе се сретне со светскиот број 1 Новак Ѓоковиќ или минатогодишниот финалист Доминик Тим.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO