Бугарија е на петтото место меѓу 28-те земји-членки на Европската унија по економски раст. Во првото тримесечје од оваа година растот на БДП е 1,2%. Бугарија е престигната само од Хрватска, чија економија за истиот период пораснала за 1,8%, следена од Унгарија и Полска со 1,5% и Романија со 1,3%.

Растот на БДП на 19 земји од еврозоната по конечната трета оценка достигна во првиот квартал 0,4% на квартална основа и 1,2% на годишна, се вели во соопштението на Еуростат.

Показателите се совпаднаа со предвидувањата на аналитичарите анкетирани од агенцијата Ројтерс, и прелиминарните проценки.

Во четвртиот квартал на 2018 година растот на БДП на 19 земји, кои користат единствената валута достигна 0,2% на месечна основа и 1,2% на годишна.

Кумулативниот раст на БДП на Унијата во првиот квартал се покажа на ниво од 0,5% на квартална основа и 1,5% на годишна, како се претпоставуваше во двете претходни проценки. Во четвртиот квартал на 2018 година растот на БДП на регионот достигна 0,3% во однос на третиот квартал и 1,5% на годишна основа.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO