По Лени Кравиц, Стинг и Ерос Рамацоти,во Скопје доаѓа еден од
најголемите mainstream артисти на светот на сите времиња, човекот со безброј хитови и истовремено големи песни – Брајан Адамс.

На 13 ноември во Скопје за првпат во живо ќе се слушнат „Summer of 69“, „Heaven“, „Please Forgive me“, „Everything I do (I do for you)“, „Have You Ever Really Loved a Woman“ и многу други.

Брајан Адамс доаѓа во Скопје во рамки на големата светска турнеја „Shine a light“, наречена по истоимениот нов албум, со која настапува во најголемите концертни арени ширум светот.

Сите детали околу цените на влезниците ќе бидат познати вечер во 21 часот, а истите ќе бидат пуштени во продажба од понеделник, 10 јуни во 9 часот наутро.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO