Во неодамнешната епизода на „Carpool Karaoke“ домаќинот Џејмс Кордон му ја праша Селин Дион дали се вистински гласините дека таа е опседната од нејзините обувки. Пејачката го потврди тоа, и се покажа дека таа бројка не е хиперболизирана, туку, напротив, таа има околу 10.000 чифта обувки. И не, таа нема намера да се раздели со ниту еден од нив!

Во моментов, таа ги чува обувките во огромен магацин во Вегас. Пред тоа, тие биле сместени во дигитална гардероба, во која обувките биле сортирани по боја и биле избирани со притискање на серија од копчиња: „Притиснете го потребното копче и тие се појавуваат пред вас“, раскажа таа за импресивната гардероба.

Селин, кажа уште, дека има посебен однос кон секој чифт, бидејќи секој имал одредена историја.

„Не би можела да се разделам со ниту еден чифт од мојата колекција на обувки. Секој од нив ме донесе таму каде што сум сега. Моите обувки се дел од секој чекор што сум го направила. Можете да одлучите дека сум луда, но јас навистина не фрлам ништо. Јас само купувам поголеми простори за да ги складирам „, рече пејачката.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO