Премиерот Зоран Заев, како претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, започна масовна замена на високи функционери во партијата. Тоа покренува две важни прашања. Прво. Диктирам ли е овој акт од потребата за преиспитување на идеолошкото југокомунистичко наследство на партијата и Второ. Кардиналните кадровски промени ќе предизвикаат ли процес на рехабилитирање на политичкото наследство на Методија Шаторов- Шарло чиј најголем „грев“ според Тито беше неговата линија за отцепување на Македонија од Југославија и за запирање на бруталната србизација на Македонија.

Парадоксален е фактот дека веќе речиси 30 години самостојната македонска држава живее со „државотворните“ и идеолошките постулати, наметнати од Југословенската комунистичка партија.

Договорите со Бугарија и Грција меѓутоа ја претворија младата држава во сосема нов, модерен државен субјект кој за да продолжи да суштествува како рамноправен партнер во меѓународните односи треба да се ослободи од сите заблудувачки митови. А тоа се сатанизирање на делото на Методија Шаторов -Шарло како секретар на Покраинскиот комитет на КПЈ и не помалку преиначаваниот и премолчуван првостроител на новата македонска држава по Втората светска војна – Методија Андонов-Ченто. Неговите државотворни принципи влегуваа во остро противоречие со завојувачките и асимилаторски проекти на југокомунистическите стратези за Македонија, поради што тој беше осуден на 12 години затвор, од кои излежа – 9.

****

Новата меѓународна положба на Република Северна Македонија го пставува остро прашањето и за преоценка на фалсификуваната идејна првична ооснова на двете водечки политички сили во младата република – ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

ВМРО е задолжена да го преоткрие почетокот на нејзините создавачи и раководители од д-р Христо Татарчев, Даме Груев и Гоце Делчев до Тодор Александров и Иван Михајлов. Ако денешните нејзини шефови немаат храброст да го сторат тоа, нека ја прочитаат барем статијата на Марија Бракочевиќ, од 14 мај 2016 година во белградска „Политика“, насловена „Гоце Делчев – херој или антисрпски идеолог“! Таа статија ќе им биде полезна. Авторката ги цитира зборовите доктор Александар Животиќ од Историскиот факултет и мислењето на експертот во Белградската општина Горан Весиќ кои звучат на еден и ист начин: „… Гоце Делчев како основач и раководител на Бугарската македоно-одринска револуционерна организација (БМОРО) нема никакви заслуги ниту за Србија, ниту за Белград.Нешто повеќе, организацијата која ја раководи е антисрпска … „Тоа е тест за сегашните водачи на ВМРО-ДПМНЕ. На чело на каква организација се тие – на историски автентичната или на претворената од Никола Груевски во србокомунистичка пародија?

Од своја страна СДСМ е задолжена да ја претвори денешната кадровска реконструкција на долг процес на преоценка, во која постепено ќе отпаднат заблудите и за Шарло, и за Ченто и тие ќе се претворат во стожерите на вистината за минатото, вистината, во името на која ги загубија своите животи.

И тоа воопшто не е тешко. Доволно е да се ѕирне во архивите во Скопје, за да се откријат голем број зборници со документи, писма, инструкции и заповеди кои доаѓаат од партизанските штабови на Тито, за да се разголи очигледната вистина со каква настрвеност се внушуваше на обичните партиски членови во Скопје, Прилеп, Битола и во цела Македонија, дека Шарло е „предавник, ренегат и контрареволуционер“. И зошто? Затоа што се противи на асимилаторската политика на КПЈ во Македонија, затоа што веднаш по влегувањето на бугарските војски во април 1941 година таму, тој го поставува Покраинскиот комитет во Скопје под владеењето на ЦК на БКП во Софија, затоа што ги изгонува Блаже Орландиќ и Радивоје Видиќ, како српски агенти и поради тоа што го отфрла тврдењето дека бугарската армија е окупаторска. Токму заради тоа на 24 јули 1941 година. во писмо до Покраинскиот комитет Тито го нарекува Методи Шаторов „Старог Бугарина“ .Изпратените од Белград во Македонија – Радивоје Радосавлевиќ, Драган Павловиќ -Шиљо, Светозар Вукмановиќ – Темпо, како и србизираните македонци Лазар Мојсов, Видое Смилевски, Лазар Колишевски, Страхил Гигов, Цветко Узуновски – Абаз, требаше да го сатанизираат Методија Шаторов, да го етикетираат како бугараш и контрареволуционер, затоа што не сакаше српската политичка зима да продолжува во Македонија. Затоа што тој беше вистински македонец, а не м а к е д о н и с т – поим воведен уште во 1888 година од страна на Стојан Новаковиќ – како преодна форма за србизирање и наметната по 1945 година со насилство и крв како „национален идентитет“.

Еве и некои примероци-ремек  делаза перење на мозоци, но и илустрација на силите на отпорот кај обичните членови на нивната партија. Во писмо од 28 февруари 1943 година до ЦК на КПЈ Светозар Вукмановиќ -Темпо ќе напише: „Со смената на Шарловото раководство не беа уништени во јатка си остатоците од неговата злосторничка и фракционерска дејност …“, а во својот извештај од 8 август истата година продолжува: „во партиските организации постепено се создаваше верувањето дека не треба да се води борба против бугарските окупатори, туку само против реакционерната влада на Филов …“

Особено важно е Зоран Заев да ја препрочита изјавата на Цветко Узуновски -Абаз на советувањето на I и II партизанска бригада на 21 декември 1943 година во Преспа. Јас ќе цитирам од него неколку важни реченици: „… Трагите на неговата (Шарловата) политика сè уште постојат. По Шарловото раководство новото раководство беше под влијание на Шарловата политика и неговата линија беше автономистичка … ИЗЖИВУВАЊЕТО И РАЗБИВАЊЕТО НА ОВИЕ СЕУШТЕ АВТОНОМИСТИЧКИ И РАСКОЛНИЧКИ РАЗБИРАЊА … РАЗБИВАЊЕТО ОД ВНАТРЕ НА ОВИЕ АВТОНОМИСТИЧКИ ТЕНДЕНЦИИ – ТОА Е ГЛАВНАТА ЗАДАЧА НА МАКЕДОНСКИТЕ КОМУНИСТИ … “

И прашање КОН Зоран Заев: „Денес, кога РС Македонија е слободна, независна и евроатлантски ориентирана држава, автономистичКите идеи на Методија Шаторов -Шарло продолжуваат ли да се закана и ерес? Ако не се, тогаш не треба ли целото дело на овој остроумен и храбар човек да биде ставено на пиедестал на претстојниот конгрес на СДСМ и да се претвори во идеолошки темел на обновителните процеси во оваа партија !? Не само Заев, целото ново раководство на СДСМ, е должно да се запраша продолжител на чие дело е тоа, на Шаторов и на Ченто или на Лазар Колишевски? Колишевски, кој со разгромувачка статија во „Нова Македонија“, против идеите на Методија Андонов-Ченто на 12 јануари 1945 година го осудува и него, и неговите приврзаници, припишувајќи им го „смртниот грев“ дека сакаат да ја отцепат Македонија од Југославија. Еве и неговите зборови: „… Но, сите тие останаа во душата непријатели на нашето единство со сите други народи на Југославија … Во барањето на кој и да е начин да ја одделат Македонија од останатата Југославија … тој сепаратизам е најновото преобразување на врховизмот … “

Истиот тој Колишевски триесетина години подоцна на 27 декември 1971 година при смената на Крсте Црвенковски како партиски шеф на Македонија, вели: „Всушност, сегашниот национализам и сепаратизам во С.Р Македонија се продолжение на национализмот на Шаторов, чија цел е да ја откине Македонија од Југославија во корист на Бугарите … “

****

Колку години делото на Шарло и Ченто се држи во Македонија под непробоен идеолошки капак?

Македонија не сака да ги чита и слуша повеќе лажните сеќавања на Кироглигоровци ниту напоените со перверзно самовлљубие исповеди на Стојанандовци. Никој не се интересира веќе за нивните „страдања“ и „воздигања“ додека слугувале во канцелариите на Тито.

Македонија сака да ја слушне конечно вистината за Крвавиот Божик, за масовните гробници, за жестоките слосторства во Идризово, Добој и Голи Оток, за илјадниците исчезнати по 1945 година

Денес Македонија ги напрегнува сите свои духовни сили, за да ги осмисли предсмтрните зборови на Ченто, заветни за неговите синови и цитирани од Коста Црнушанов: „ЌЕ ДОЈДЕ ВРЕМЕ КОГА ЌЕ СЕ БАРА СМЕТКА ЗА СÈ ШТО СТАНАЛО …!“

Тоа време дојде!

Патот е еден, колку и тежок да е тој – кон вистината, изречена на висок глас и претворена во основен закон на младата република.

––––––––––-

Иван Николов е новинар, публицист и издавач. Тој е главен и одговорен уредник на списанието „България-Македония“ и директор на издавачката куќа ʺСв. Климент Охридскиʺ. Иван Николов е еден од најголемите познавачи на балканските прашања, автор на бројни статии и книги на оваа тема. Текстот е напишан специјално за БГНЕС.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO