Реал Мадрид постигна конечен договор со Челзи за ѕвездата на англискиот тим Еден Азар, соопшти Sunday Times.

Според изданието, шпанскиот гигант ќе им плати на лондончани 110 милиони евра, а како бонуси во зависност од претставувањето на Азар, Челзи може да добие дополнително до 15 милиони евра.

Договорот на 28-годишниот плејмејкер со клубот од „Стемфорд Бриџ“ истекуваше следното лето и откако Азар категорично одби да го продолжи, Челзи беше принуден да се раздели со својата ѕвезда.

Белгиецот премина во Челзи во текот на летото на 2012 година од Лил за 35 милиони евра. Оваа сезона учествуваше во 37 натпревари од Премиер лигата, во кои стана автор на 16 гола и 15 асистенции.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO