Холандскиот репрезентативец Стивен Бергвајн е посакуван од Интер Милано, кој е подготвен да му понуди 40 милиони евра на ПСВ Ајндховен, соопштија италијанските медиуми. Клубот од Апенините одамна ги следи настапите на 21-годишното крило и желбата да биде привлечен останува и по доаѓањето на новиот тренер Антонио Конте.

Агентот на Бергвајн веќе се сретнал со претставници на Интер. Договор не е постигнат, но италијанскиот клуб ја продолжува со својата акција да го привлече младиот фудбалер, која исто така е трансферна цел за Манчестер Јунајтед и Тотенхем.

Во текот на изминатата сезона Бергвајн постигна 14 гола во 33 натпревари. ПСВ заврши на второто место со три поени помалку од Ајакс. Бергвајн има пет натпревари за холандската репрезентација.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO