Хрватскиот министер за финансии Здравко Мариќ и Гувернерот на централната банка Борис Вуиќ ја повикаа Хрватска да се приклучи кон Единствениот механизам за надзор на Европската централна банка, што е прв чекор кон влезот на земјата во еврозоната.

Според медиумите во Загреб според постапката замена на хрватската куна со еврото може да се случи по пет години.

Членството во Единствениот надзорен механизам на ЕЦБ е задолжително за сите членови на еврозоната, додека други земји од ЕУ можат доброволно да се приклучат.

„Ова е еден од последните чекори кои Хрватска ги презеде пред официјалното барање за воведување на еврото“, се вели во печатот. Според набљудувачите евентуалната замена на националната валута со европската во 2024 година ќе се совпадне со 30-годишнината од воведувањето на хрватската куна.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO