Во Грција ова лето ќе се појави првата плажа на која пушењето цигари ќе биде забрането.

Плажата се наоѓа на островот Серифос и ќе биде отворена на иницијатива на хуманитарна фондација и општината.

Во пресрет на 31 мај, Светскиот ден за борба против пушењето Фондацијата и општината изјавија дека нивната активност е дел од програмата „SeaChange Greek Islands“, која се остварува од 10 острови во Грција.

На оваа плажа, пушењето ќе биде дозволено само во мал, посебен дел, т.е. „Зона за пушење“ со пепелници и натписи, кои повикуваат кон заштита на животната средина, а еден човек ќе биде задолжен да ги информира посетителите.

Од активностите на фондацијата во последните две години, како дел од проектот за чистење на плажите Нат Цикладските острови, вклучени во програмата, се покажа дека најчесто сретнуван отпад се угарките и тоа особено во Серифос што токму е и причината тоа да стане првата плажа на која пушењето ќе биде забрането точно на овој остров.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO