Бугарија и Северна Македонија имаат различен расказ за неколку големи настани во нивната заедничка историја, установи проверката на Слободна Европа во книгите по историја на двете земји.

Едни и исти факти, стојат зад два различни историски расказа. Причините за тоа се дека често една или друга теза се „пренатегнува“ или точката се поставува таму каде што треба допрва да се продолжи, да се дообјасни за што станува збор. Така историчарот Стефан Дечев ги сумира историските спорови меѓу Бугарија и Северна Македонија.

Според него не можеме да ја откриеме динамиката на историските реалности во историографиите и на двете земји, а научниот пристап изискува токму претставување и објаснување на историските реалности, кои се едни во средниот век, други за време на преродбата и сосема различни во периодот на Втората светска војна.

Јазикот на Кирил и Методиј – „неразбирлив за денешните Бугари и Македонци“

И во бугарските и во македонските учебници Кирил и Методиј се претставени како словенски просветители. „Но, тоа е првиот чекор, поскоро за да биде покажана ролјата на соодветната современа држава, која историски има значење за словенската култура како целина“, коментира Стефан Дечев.

„Прави впечаток дека научниците во областа на историјата, како во Бугарија, така и во Македонија, тешко се ослободуваат од современите поими и современата гледна точка, всушност гледната точка, која постепено се наметнува од XIX век, кога започнува градењето на модерните нации“ , објаснува тој.

„Во случајот кога зборуваме за словенското население околу Солун, современите поими од гледна точка на Бугари или Македонци немаат својата ролја и место“, забележува Дечев.

Тој додава дека за современите Бугари и Македонци јазикот кој е исползуван тогаш, би бил неразбирлив. „Тоа што го кажувам, за да го истакнам фактот дека тука станува збор за историски реалности, кои се поврзани со деветти и десетти век, а денес веќе сме дваесет и првиот.“

Идеолошката“ врска со Самуиловата држава

Бугарските учебници по историја ја претставуваат Самуиловата држава како продолжение на државната традиција на Првото бугарско царство. Во учебниците во Северна Македонија, урокот за владетелот е насловен „Македонска средновековна држава“.

„Всушност, таа (државата на Самуил) се доживува, како во Бугарија, така и во Македонија, како едваj ли не претходник на денешната бугарска и денешна македонска држава“, објаснува Стефан Дечев. Според него, современите држави имаат само „идеолошка“ врска со средновековното царство, доколку државите се устроени на коренито различни начини и имаат коренито различни основи.

Оваа интерпретација на историските факти се распостранува во историографијата пред помалку од еден век, објаснува тој.

„Самуилова држава е многу поважна за македонскиот идентитет, таков каков што тој се изградува во периодот по завршувањето на Втората светска војна“, истакнува историчарот. „Во одлуките на антифашистичкото собрание од 2 август 1944 година Самуилова држава е спомната како претходник на државата која тргнуваат да ја градат во тоа време македонските претставници на тоа собрание и од тука неизбежно во децениите потоа таа фигурира во македонските научни публикации како македонска држава . “

Според него, фактите со кои научниците располагаат, покажуваат дека државата е продолжение на бугарската царска државна традиција, но не може да се зборува за национално самоидентификување на населението во современата смисла.

Документите на ВМРО

Борбата за ослободување од османлиското владеење на населението, кое останало надвор од Кнежевството Бугарија во 1878 година, исто така има различни интерпретации во македонската и бугарската историографија. Различно се претставени целите, името и карактерот на организацијата, која ја води оваа борба.

„Во македонскиот случај го имаме претставувањето на Внатрешната македоно-одринска револуционерна организација (ВМОРО) како македонска организација во етнонационална смисла, кој всушност се појавува како таква доста подоцна. Какви и траги да имаме за мислење на македонското во национална смисла, тие се уште, во таа етапа – крајот на XIX – почетокот на XX в. – се маргинални и не се поврзани со дејността на самата организација „објаснува Дечев.

Според него македонските историчари кои ја изучуваат организацијата „целосно ја исклучуваат бугарската етикета, бугарската самоидентификација, употребата на бугарскиот литературен јазик од самата организација“.

Во Бугарија меѓутоа премногу елементарно се претставува идејата за автономија на Македонија, како идеја која исполнува само тактички причини, смета научникот.

Документацијата на организацијата меѓутоа покажува поразлични идеи кои се преекспонирани од македонските историчари, но се занемаруваат од бугарските, вели Дечев. И покрај бугарскиот карактер на организацијата, нејзината политичка кауза станува Македонија, а идејата за автономија „започнува да се доживува како една идеја за создавање на идна државна единица која да е еднакво оддалечена и од Белград, и од Атина, и од Софија“, вели Дечев.

Според историчарот Илинденското востание е типичен пример за споделено настан, бидејќи од една страна тоа се крева од организација, чии лидери се сметале како Бугари. „Од друга страна самата идеја за автономија ја содржи во себе и идејата за изградба на некоја посебна политичка единица, која би можела да суштествува и самостојно“, додава тој.

Скриените нијанси

Во продолжение на три години за време на Втората светска војна, територијата на Вардарска Македонија е дел од Царството Бугарија. Во македонската историографија, овој период се опишува со поимот окупација и се зборува за отпор, а кај нас се претставува во контекстот на решавањето на националното прашање. Всушност, фактите не се еднозначни, објаснува Стефан Дечев.

Според него во македонската историографија се наблегнува на спротивставувањето помеѓу претставниците на бугарските власти и локалното население. Но, во Бугарија, останува скриено од широката публика формирањето на македонската самосвест по 20-те години на XX век на територијата на Вардарска Македонија. „Кога бугарските војници влегуваат во Македонија во 1941 година, тие наоѓаат една различна Македонија од 1912 или 1915 година“, објаснува тој.

Тој дополнува дека оваа самосвест е силно пробугарски ориентирана, имајќи во предвид дека во 30-тите години се спротивставувало на тековниот процес на србизација во меѓувоена Југославија. И покрај тоа во 1941 година „идејата за независна Македонија е посилна од идејата за какво и да било обединување и тоа е исклучително видливо меѓу нај пробугарски ориентираните претставници на местната интелигенција“.

За депортацијата на Евреите од територијата на Вардарска Македонија и Беломорска Тракија, Дечев ј застапува тезата дека овој настан треба да присуствува заедно со спасувањето на бугарските Евреи во учебниците и во двете земји. Тој нагласува дека „депортацијата не се осуштествува просто од “ едни лоши Бугари „, а под бугарските униформи,  учествувајќи во депортацијата, се разбира имало и местни луѓе“.

Доц. д-р Стефан Дечев е професор по историја на СУ  „Св. Климент Охридски „и ЈУЗУ „Неофит Рилски “ и гостин предавач на голем број странски универзитети, меѓу кои „Харвард“,“Беркли „, Колумбијскиот универитет, универзитети во Мадрид, Грац и др.

 

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO