
Со грантови во вкупна вредност од 1,2 милиони швајцарски франци секој од осумте плански региони во државава ќе спроведе по два проекта со коишто треба да се подобри состојбата со нерамномерниот регионален развој. Тие се однесуваат на областите животна средина, социјална инклузија, бизнис инфраструктура и туризам. Се избираат и финансираат во рамки на грантовата шеми преку заедничкиот проект за одржлив и инклузивен рамномерен развој, што Владата го спроведува со поддршка на Швајцарската амбасада и Швајцарската агенција за развој и соработка.
Во секој од планските региони се поддржува реализација на по еден проект што во процесот на консултација го избраа граѓаните, а за што се обезбедени 850 илјади швајцарски франци. Приоритетниот проект во најнеразвиениоит регион – Североисточниот добива 145 илјади швајцарски франци, а во скопскиот кој е најразвиен 60 илјади швајцарски франци. Вкупниот фонд за шемата за поддршка на иновативни проекти за годинава изнесува 311.840 швајцарски франци, од коишто секој од планските региони добива по 38.980.
Со проектот за одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој се опфатени и компоненти за советодавни услуги за подготовка на проекти и изработка на софтверско решение со што ќе се направи преглед на сите трошоци за рамномерен регионален развој за што сега нема состојба.
