За неколку часа вчера српско-руската компанија Нефа Мебел ги затвори сите продавници на територијата на Република Северна Македонија. Точниот број на измамени купувачи сè уште не е познат.

Еден ден претходно, Нефа Мебел ги затвори вратите и во Србија. Таму, лути клиенти ги разбија продавниците и магацините на компанијата и го ограбија она што го нашле во просториите. Нефа Мебел имаше продавници во Скопје, Велес, Гостивар, Битола, Прилеп, Тетово и на други места.

Вчера, официјалната веб-страница на Нефа Мебел е избришана, вклучително и профилите во социјалните мрежи.

Некои од измамените македонски клиенти поднесоа сигнал до Агенцијата за заштита на потрошувачите и побараа помош за добивање на стоките што ги платиле.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO