Се очекува сенатот да го ратификува Протоколот за влегување  на Северна Македонија во НАТО во јуни,кажа во интервју за ʺГласот за Америкаʺ сенаторот Џејмс Риш, претседател на Комитетот за надворешни работи на Сенатот.

„За околу две недели, Комисијата ќе одржи сослушување за протоколот. Потоа ќе треба да оди на гласање пред Сенатот. И многу веројатно тоа ќе се случи во јуни. Ние сме претпазливи оптимисти дека тогаш ќе го направиме тогаш“, рече Риш.

Сенаторот очекува голема поддршка за ратификација на протоколот или, како што вели, 98 од 100 сенатори ќе гласаат за него.

„Мислам дека тоа ќе ја пополни големата празнина кој постои во Северна Македонија и на Балканот. Ние веруваме дека државата ќе биде значаен додаток кон силите на НАТО во овој регион „, рече Риш.

Тој смета дека специјалната работа што Северна Македонија ќе ја донесе во Алијансата е полигонот за обука, кој според него ќе се користи многу почесто со пристапувањето во НАТО.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO