Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев присуствуваа на потпишување на договор за закуп на парцела со површина од 139.640 квадратни метри во ТИРЗ Скопје со германската фармацевтска компанија Герешајмер, која треба да реализира објект од неколку десетици милиони евра. Герешајмер е светски позната компанија за производство на апликатори за инсулин, инхалатори за астма. Има 50 свои фабрики во 15 држави на четири континенти. Првата фаза треба да се реализира до крајот на декември годинава.

„Тоа е една од двете инвестиции кои беа договорени непосредно по потпишувањето на протоколот за членство во НАТО. Многу брзо ќе соопштиме дека ќе бидат потпишани договори со уште две странски компании, рече премиерот Зоран Заев пред потпишувањето на договорот.

Извршниот потпретседател на Герешајмер за глобални операции, квалитет и набавки Оливер Марк Бергел рече дека три работи биле главни за да се решат да инвестираат: „Имате млади луѓе кои се стремат кон знаење и се подготвени да работат напорно. Втората е добрата инфраструктура, а третата непрекинатата добиена поддршка од Владата за сите потешкотии со кои се соочивме. Планираме да имаме вработени со висок квалитет. Сметам дека луѓето треба да останат во својата земја и ние сме тука за да ги поддржиме“, рече Бергел.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO