Амбасадата на САД и Делегацијата на ЕУ го поздравија донесувањето на реформските закони во сферата на безбедноста кои се значајни за евроатлантските интеграции на земјата. Од Амбасадата на САД во изјава за МИА велат дека реформата на безбедносниот сектор во Северна Македонија е клучна обврска во процесот на зачленувањето на земјата во НАТО.

„Му честитаме на Парламентот за заедничките напори во усвојувањето на овие важни закони“, се вели во изјавата на Амбасадата на САД. Амбасадорот на ЕУ Самуел Жбогар на Твитер напиша дека го поздравува усвојувањето на реформските закони од областа на разузнавањето и безбедноста во Парламентот.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO