Бугарска и македонска делегација со заеднички активности во Рим ќе го слават делото на сесловенските просветители и ќе чествуваат за браќата Св. Кирил и Методиј.

Со нововостановената традиција и според утврдената програма, утре во Рим, делегациите на Бугарија и на Македонија ќе положат цвеќе пред плочата на Македонија во чест на Св. Кирил во Базиликата Санта Марија Маџоре, а потоа ќе учествуваат на миса во црквата „Св. Павел ала Регола“.

Македонската делегација во вечерните часови ќе присуствува на прием во бугарската резиденција во Рим, а потоа сите гости ќе проследат културно-уметничка програма организирана од македонското Министерство за култура, на која ќе настапат музичките уметници Весна Гиновска Илкова и Дино Имери.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO