Во бугарското село Кирково за време на стартувањето на изградбата на интерконекторот за природен гас на Бугарија и Грција, грчкиот премиер Алекцис Ципрас изјави вчера дека со неговиот бугарски колега Бојко Борисов имаат визија Балканот од регион на конфликти, војни и нестабилност, да го претворат во регион на просперитет и соработка во корист на народите.

Ципрас рече дека успеле да свртат нова страница во двете земји со „долга историја на ривалство“ и оти изградиле длабок и повеќестран партнерски однос: „Убеден сум дека можеме да одиграме водечка улога во спроведувањето на оваа заедничка визија за Балканот и регионот. Бидејќи ова е единствениот пат за иднината на нашите народи“, рече Ципрас.

Ципрас истот така истакна дека Грција преку активната и мултидимензионална надворешна политика „што неодамна доведе и до историски договор со северниот сосед“, што отвора патишта за да се заврши поврзувањето на регионот, мирот и просперитетот за сите народи“ има за цел да ја зајакне улогата како столб на стабилност, мир и соработка во регионот, изјави грчкиот премиер.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO