Од следниот понеделник Регулаторната комисија за енергетика ќе ги утврдува цените на нафтените деривати по новата методологија, која регулаторите треба да ја донесат во следните два дена.

На прес-конференција денеска посочија дека со неа цените ќе бидат пониски од оние што се одредувале со старата, а придобивки ќе имаат и граѓаните и трговците.

Движењата на цените на секој дериват одделно на светските берзи и курсот на доларот ќе бидат најбитни елементи при одредување на цените со новите правила. Средната дневна берзанска цена ќе се утврдува согласно ПЛАЦ Јуропијан маркетскен, а ќе се работи со среден курс на доларот на Народната банка.

Од РКЕ велат дека ќе одредуваат максимални цени, над кои нема да може да оди ни една компанија, а трговците ако сакаат ќе можат да конкурираат меѓу себе со пониски цени. Наместо на 14 како досега, цените ќе се определуваат на седум дена, со цел да се намали ризикот на трговците, и да прават поточни планирања.

Маржата со новите правила ќе биде под 4,8 денари и според претседaтелот на РКЕ, Марко Бислимовски, таа ќе им гарантира разумен профит на трговците.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO