Петар Богојески, раководител на европското крило во опозициската ВМРО-ДПМНЕ во Северна Македонија. Фото: Блумберг ТВ Бугарија

Двајцата кандидати за претседателската функција во Република Северна Македонија се разликуваа само по нивните позиции поврзани со Преспанскиот договор кој го регулира спорот за името со Грција и договорот за добрососедство со Бугарија, а како последица на тоа и за патот по кој ќе се движи Скопје кон Европската Унија (ЕУ). Тоа го изјави Петар Богојески, раководител на европското крило во опозициската ВМРО-ДПМНЕ во Северна Македонија, во емисијата „Светот е бизнис“ со водителот Николај Крстев.

ВМРО-ДПМНЕ не го позна вистинскиот момент да даде поддршка за европскиот пат меѓу своите гласачи, коментира Богојески, додавајќи дека во Северна Македонија има еднаквост меѓу Груевизмот и Бранковизмот (Бранко Црвенковски – поранешен лидер на СДСМ, како и премиер и претседател на нашиот југозападен сосед – авторот на интервјуто).

„По последните настани (средбата меѓу премиерот Зоран Заев и Бранко Црвенковски – бел. На авторот на интервјуто) е јасно дека ниту духот на Бранковизмот го напуштил СДСМ, ниту Груевизмот го напуштил ВМРО-ДПМНЕ, што за жал значи дека македонските политички елити се заложници на минатото „.

Бугарија нема изградени јасни државни политики кон Северна Македонија, а најмалку за тоа имаат право да зборуваат политичари како Георги Парванов, бидејќи за време на неговиот мандат односите меѓу Македонија и Бугарија беа најлоши, коментира гостинот.

„Софија и Скопје имаат многу заеднички теми кои отвораат идни перспективи и Бугарија да стане влезот на Северна Македонија кон ЕУ. Можеме блиску да соработуваме  и во рамките на европската интеграција и еден ден да бидеме заедно и координирано да делуваме како два соседни најблиски народи и најблиски држави на Балканот „.

Петар Богојески, го коментира предлогот на Бранко Црвенковски, Северна Македонија да се приклучи кон ЕУ во Западен Балкан.

„Македонскиот пат“ во Белград нема да има крај … Јас немам ништо против Србија да влезе во ЕУ, како и останатите земји од регионот како Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија. Имам сепак против Македонија да биде заложник на српските интереси на Балканот, како и да биде заложник на косовското прашање „.

Видео материјалот од интервјуто погледнете го тука.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO