Светскиот рекет број 1 Новак Ѓоковиќ изјави дека Рафаел Надал е големиот фаворит за титулата на Ролан Гарос, иако Шпанецот покажа поколеблива форма на турнирите пред почетокот на отвореното првенство на Франција.

Надал отпадна во полуфиналињата во Монте Карло, Барселона и Мадрид, но вчера го победи Ѓоковиќ со 6-0, 4-6, 6-1 во финалето во Рим, за да стигне до 34-та титула од Мастерс сериите и да влезе во Ролан Гарос во топ форма. „Без никакво сомневање Надал е фаворит број 1, а потоа се сите други. Турнирот ќе биде интересен. Тим во моментов игра многу добар тенис и може да победи секого, особено на клеј. Фонини исто така игра многу квалитетен тенис и покажа против Надал во Монте Карло за што е способен“, рече Ѓоковиќ по вчерашниот пораз.

Основните букмејкерски куќи, исто така, го определуваат Надал за фаворит на вториот за годината Гранд Слем турнир, при што коефициентот за негов триумф е околу 2,10. Според букмејкерите по Шпанецот се Новак Ѓоковиќ, Доминик Тим, Стефанос Циципас, Роже Федерер и Александар Зверев.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO