Политичката стабилност во Северна Македонија е најдобрата во регионот и уште еден доказ за тоа беа успешните претседателски избори, изјави денеска еврокомесарот за проширување и политиката за соседство Јоханес Хан на отворањето на Виенскиот економски форум.

Во оваа насока, Хан ги охрабри компаниите од Република Австрија да инвестираат во земјата, бидејќи, како што рече, тоа значи поголем профит за РС Македонија и отворање нови работни места.

Поздравувајќи го напредокот на Република Северна Македонија во сите сфери, комесарот Хан го изрази своето очекување земјата да добие датум за почеток на преговори со Европската унија и првите поглавја да бидат отворени до крајот на оваа година.

Тој истакна дека Северна Македонија е позитивен пример за тоа како може да будат решени проблемите и охрабрување за надминување на други спорови, особено помеѓу Белград и Приштина.

Европскиот комесар, исто така кажа, без уредување на двостраните проблеми, нема членство во ЕУ.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO