Случајот наречен „Радонов против Бугарија“ се одвива пред Судот за човекови права во Стразбур. Трае шест години и има голема веројатност да заврши годинава, во октомври. Тоа за ʺНова Македонија: го изјави адвокатот Тони Менкиноски и претседател на правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ.

Адвокатот Менкиноски за ʺНова Македонијаʺ нагласува дека позитивната пресуда за Македонците не само што ја задоволува правдата, туку има и силни политички референци, односно дека Македонците во Бугарија може да ги потврдат својата посебност и својот етнички идентитет.

ʺПресудата на Судот во Стразбур ќе треба да утврди кршење на членот 11 од Европската конвенција за човекови права, а тоа ќе значи дека Бугарија го признава македонското малцинство и дозволува да се регистрира македонско здружение.
Адвокатот Менкиноски вели дека тоа би била очекувана правна разврска на овој долгогодишен случај, притоа потсетувајќи на случаите со ОМО „Илинден“, ОМО „Илинден-ПИРИН“, и на други случаи поврзани со правата на Македонците во соседните држ

ʺСпоред мене, ние одиме кон конечна многу позитивна пресуда. Јас овој случај го водам про боно, без никаков финансиски надомест, затоа што сметам дека овој случај ќе покаже дека секогаш треба да се искористат правните средства и механизми. Од друга страна, ова е начин и за битка против двојните стандарди и критериуми од кои страдал Македонецот во Европа. Можеби со оваа пресуда Судот во Стразбур нема да ја фрли Бугарија на колена, но таа ќе се соочи со пресуда од која повеќе нема каде да бега и тоа во период кога треба да се примени спогодбата за добрососедство. Бугарија е во постмониторинг-процес во одредени области, и таа како правна и демократска држава се тестира токму на членот 11 од ЕКЧП, односно правото на слобода на здружувањеʺ – вели Менкиноски.ʺ

Во опширната анализа за Нова Македонија, Менкиноски е категоричен дака пресудата во Стразбур ќе биде удар врз договорот за добрососедство со Бугарија:

ʺВо врска со очекуваната пресуда на Судот во Стразбур, која е извршна, односно Софија ќе мора целосно да ја спроведе, а тоа значи да дозволи да се регистрира македонското здружение, адвокатот Тони Менкиноски е мошне цврст на својот став дека таа ќе биде „индивидуална пресуда, која ќе го урне билатералниот договор за добрососедство, пријателство и соработка меѓу Македонија и Бугарија“.
– Битката за Македонија и Македонците ниту има почеток, а ниту ќе има крај. Битно е сега како ќе постапиме ние. Од тоа зависи како идните генерации Македонци ќе нѐ обележат и ќе нѐ запишат во историјата – дали како нивни и чувари на заветот на македонските предци, или како македонски душмани.ʺ

Целата анализа на Тони Менкиноски за Нова Македонија може да ја прочитате тука.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO