Во Тирана не се многу убедливи кога ги осудуваат јавно коментарите за Голема Албанија како пропаганда на Русите и Србите, наменети да култитивират страв на Балканот, коментираат во редакцијата на електронското издание на атинскиот весник ʺКатимериниʺ.

Фактите говорат сами за себе. Неодамнешен пост во социјалната мрежа „Фејсбук“ од Хашим Тачи предизвика сериозна контроверзност. Во него, претседателот на најмладата држава на Балканот откри дека за време на неодамнешната средба тој и албанскиот премиер, Еди Рама разговарале за „потребата од целосно отворање на косовско-албанската граница и создавањето на албанска зона без граници под евроатлантски чадор“. Тачи додаде дека во оваа зона треба да бидат вклучени области од јужна Србија со етничко албанско мнозинство.

Со години Албанците систематски спроведуваат политика на „национално обединување“ со цел да создадат она што многумина го дефинираат како „природна Албанија“ (во суштина друг начин да се каже „Голема Албанија“, за да се ослабат реакциите од соседните земји и силните геополитички играчи).

Албанија и Косово веќе имаат заеднички наставен план, како и заеднички амбасади и дипломатски мисии. Во 2014 година, албанската влада ги укина работните дозволи за етничките Албанци од Косово и Прешевската долина во Србија. Пред неколку дена, мерката беше проширена на етничките Албанци во Северна Македонија и Црна Гора. Досега планот се чини дека е создавање на албанско Шенгенско подрачје, со елиминација на границите меѓу двете земји.

Но, чекор по чекор, тие ја доближуваат Тирана до нејзиниот долгоочекуван сон, иако таа ризикува негативна реакција. Предлогот на САД за размена на територии меѓу Косово и Србија ги олеснува нејзините планови за обединување на албанските територии, бидејќи предвидува приклучување на Прешевската долина, каде населението е претежно етничко албанско. Ова само по себе претставува огромен чекор кон обединување на етничките Албанци на Балканскиот полуостров.

Српското раководство одговори на изјавата на Тачи. Сепак, како што покажаа коментарите на претседателот Александар Вучиќ и министерот за надворешни работи, Ивица Дачиќ, тие не се спротивставуваат на идејата за размена на територии. Причината е едноставна – такво сценарио би го олеснило процесот на обединување на босанските Срби со Србија, која во меѓувреме ќе воспостави контролата над населението во северниот дел на Косово, етнички Срби.

Но, на тој начин, покрај Голема Албанија, ќе се појави и Голема Србија. Двата важни историски спора на Балканот, албанското и српското прашање, би биле регулирани, но со ризик од поголем домино ефект, Германците се природно загрижени….

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO