Володимир Зеленски, 41-годишен комичар без политичко искуство, стапи на должност како претседател на Украина, откако освои убедлива победа на изборите.

„Ветувам дека ќе го заштитам суверенитетот и независноста на Украина“, изјави новоименуваниот претседател за време на церемонијата во парламентот во Киев.

Зеленски рече дека неговата прва задача била да се стави крај на конфликтот со сепаратистите поддржани од Москва на исток.

„Нашата прва задача е да го спречиме огнот во Донбас“, изјави новоименуваниот претседател за време на церемонијата во парламентот.

Новиот украински претседател предвреме ја распушти Врховната Рада.

„Ја распуштам Врховната Рада“, рече тој, а потоа закажа предвремени парламентарни избори за октомври.

Зеленски не оствари контрола над мнозинството во актуелниот парламент и влезе во расправии со непријателски пратеници кои ги обвини дека намерно ја одолговлекуваат неговата инаугурација и ги нарече „ситни арамии“.

Неговиот тим во изјавата од петокот зајави дека на земјата йма треба од „парламент кој функционира“.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO