Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев, денеска ќе учествува на Виенскиот економски форум „Виенски економски разговори – нови перспективи за Република Северна Македонија“. Делегацијата, во која учествуваат вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерот за финансии Драган Тевдовски, како и министерот за образование и наука Арбер Адеми на формумот, покрај дискусија за можностите за инвестирање во Северна Македонија, ќе оствари и средби со претставници на реномирани австриски компании.

Во Виена e предвидена и средба на премиерот Заев со еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO