Денес сме подготвени и политички и институционално. Ние цврсто веруваме дека заслужуваме одлука заснована на заслуги и веруваме дека и ЕУ ќе испорача, рече премиерот Зоран Заев на економскиот форум во Виена. Тој очекува државата да добие датум за почеток на преговорите, бидејќи покажала како преку дијалог и соработка се решаваат долгогодишни проблеми. Според него, 2019 ќе биде година на економијата, како продолжение на економскиот напредок од минатата година.

Заев рече, дека земјата и натаму ќе биде сигурна и стабилна, земја којашто се грижи и на инвеститорите им нуди соодветни услови за развивање на својот бизнис.

Еврокомесарот Јоханес Хан рече, дека политичката стабилност на Северна Македонија е најдобра во регионот, а уште еден доказ за тоа биле успешно спроведените претседателски избори. Хан го изрази и своето очекување земјата да добие датум за почеток на преговорите со Европската Унија и до крајот на оваа година да бидат отворени и првите поглавја.

Хан ги охрабри компаниите од Австрија да инвестираат, бидејќи како што рече тоа значи поголем профит за државата и отворање на нови работни места.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO