Со завршувањето на речиси тридеценискиот спор со Грција околу името на земјата, Северна Македонија може да очекува период на забрзан раст на среднорочен план поттикнат од крајот на политичката неизвесност, потрошувачката и обновената инвестициска активност, пише во новиот извештај на Ерсте банка.

Оваа година, Банката очекува земјава да има раст на БДП од 2,9 проценти, а во 2020 година да достигне 3,3 проценти, со нов раст на инвестициите како клучна разлика во споредба со досегашните трендови.

Стапката на невработеност, пак, според извештајот на банката, ќе се спушти на 20 проценти годинава, а вработеноста ќе достигне близу 53 проценти, поткрепени со владини субвенции за работодавачите од приватниот сектор.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO