Северна Македонија спроведувајќи ги сложените реформи клучни за демократијата и транспарентност на институциите бележи напредок и претставува пример во регионот. Ова било истакнато на денешната средба меѓу премиерот Зоран Заев со делегација на Националниот демократски институт (НДИ) од Вашингтон предводена од претседателот на Институтот, Дерек Мичел.

Како што информираше владината прес служба, на средбата на која присуствувала и вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, позитивно е оценета соработката и поддршката која ја дава Националниот демократски институт на земјава, која, како што посочил премиерот, е од голема помош за зајакнување на демократските процеси во земјава и е голем поттик дека државата се движи во вистински правец, обезбедувајќи бенефити и просперитет за сите граѓани.

Претставниците на НДИ изразиле задоволство од напредокот и соработката на јавните институции, како и проектите кои се однесуваат за подобрување на работата на Собранието и негово доближување до граѓаните. Од прес службата додаваат дека биле истакнати иницијативите и соработката во насока на унапредување на вклучувањето на жените во што повеќе активности и раководства, истражувањата на јавното мислење и други граѓански и политички права.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO