Албанскиот премиер Еди Рама ја повтори поканата за дијалог кон лидерот на опозициската Демократска партија Љуљзим Баша по петтиот по ред голем протест на здружената опозиција, но со извесна доза на иронија.

Имено, тој јасно му кажа на Баша: „Автобусот од овој јуни го испушти, немој да испушташ и возот за изборите во 2021 година“

„Начинот по кој се водат протестите е бесмислен. И една порачка кон Љуљзим Баша: Овој јуни го испушти автобусот, не го испуштај и возот во јуни 2021 година. Кога ќе разговараме? “ пишува Рама во социјалните мрежи.

Претходно Баша му кажа дека може да разговара со сите, но не и со „балканскиот Мадуро“, како што го нарекува Рама.

„Нема сила да нè принуди да преговараме со злото. Злото ќе си отиде, Албанија ќе се отвори, како што го направи цела Европа. Со голема решителност ја продолжуваме оваа битка за Албанија „, рече Баша.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO