Кинеското Министерство за финансии наметнува увозни давачки за различни групи на стоки, кои ќе стапат на сила на 1-ви јуни. Вкупно 5.410 американски производи ќе бидат погодени од нив, се вели во соопштение на министерството.

„Од 1 јуни, царинските давачки за увезени американски стоки во вредност од 60 милијарди американски долари ќе се зголемат“, се вели во декларацијата цитирана од Спутник.

Претходно во текот на денешниот ден, портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ген Шуанг, предупреди дека неговата земја „никогаш нема да се поддаде на надворешен притисок“.

Овој потег доаѓа откако во петокот американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да наметне царини од 25 проценти за кинеските стоки во вредност од 200 милијарди долари и предупреди дека Пекинг треба да постигне договор или ситуацијата ќе биде „многу полоша“ за Кина.

Економскиот конфликт меѓу двете земји започна пред една година откако американската администрација наметна царини за увоз на кинески челик. Потоа, Вашингтон и Пекинг неколкукратно си наложуваа меѓусебни царини за милијарди долари.

Додека американскиот претседател тврди дека најновите тарифи ќе произведат „огромни исплати“ кои ќе одат директно во Министерството за финансии на САД, неговиот економски советник Лари Кудлоу изјави во интервју дека двете земји ќе страдаат поради новите трговски ограничувања.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO