Во Атлетико Мадрид очекуваат Антоан Гризман да го напушти тимот во текот на летото и да се присоедини кон Барселона, соопшти Cadena SER. Според извори на радиото, оваа седмица ќе се спроведе средба меѓу Гризман и претставници на клубот.

Менаџерот на Атлетико Мадрид сака напаѓачот сам да ги информира за неговата желба да го облече дресот на Барселона. Неодамна стана јасно дека по елиминацијата на од Лигата на шампионите Каталонците ќе направат нов обид да го привлечат 28-годишниот Французин. Тој и дефанзивецот на Ајакс Матејс де Лихт се главните трансферни цели на Барса за ова лето. Гризман беше готвен за трансфер во Барселона и минатата година, но на крајот одлучи да остане во Атлетико.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO