Грчкиот тенисер Стефано Циципас не ја криеше огромната радост откако го победи светскиот број 2 Рафаел Надал во полуфиналето на турнирот од сериите Мастерс во Мадрид.

Циципас се наметна над силниот ривал со 6-4, 2-6, 6-3, за да се пласира во финалето на турнирот, каде ќе се сретне со водачот во шемата Новак Ѓоковиќ. „Оваа победа значи многу за мене. Мило ми е што можев да се докажам. Изиграв еден од моите најсилни натпревари во текот на годината. Се борев до последно и уживав во играта. Многу е убаво кога можеш да играш на таков начин. Клучот за успехот беше мојата психичка издржливост во важните моменти кога успеав да бидам решителен. Треба да ги искористам моите шанси. Рафа е борец и не ви дава лесни поени. Против него треба да се бориш за секој поен „, коментираше Циципас по успехот. „Во финалето треба да играм на истиот начин. Тоа ќе биде тежок натпревар бидејќи Ѓоковиќ е во добра форма. Знам дека тој ја сака титулата колку и јас „, додаде Циципас.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO