Во Европа нема толку мала држава во која има толку голема поделба во општеството. Јас ќе бидам претседател на сите. Ова го изјави претседателот Стево Пендаровски, откако положи заклетва пред парламентот на Република Северна Македонија.

Пендаровски, кој е и првиот претседател на Република Северна Македонија по промената на името на земјата, им се обрати на пратениците. Тој истакна четири приоритети и и подаде рака на опозицијата за соработка.

Претседателот рече дека ќе работи за полноправното членство на Северна Македонија во НАТО и започнување на преговори за членство во ЕУ. Пендаровски истакна дека ќе го бара балансот во меѓуетничките односи и одговорност на лидерите за пораките кои ги испраќаат.

Според него еден од најважните резултати на последните претседателски избори е дека тие за првпат се признати од сите, а сите етноси во земјата за прв пат ја нарекуваат државата „мојата земја“.

Пендаровски смета дека едни од најголемите предизвици се борбата против корупцијата и организираниот криминал.

На церемонијата во парламентот во Скопје присуствуваат бугарскиот претседател Румен Радев, српскиот претседател Александар Вучиќ, албанскиот претседател Илир Мета и претседателот на Косово Хашим Тачи. Министерот за надворешни работи на Црна Гора Срѓан Дармановиќ, грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Катругалос, заменик-министерот за надворешни работи на Полска Матеј Ланг, заменик-министерот за надворешни работи на Турција, Фарук Кајмакчи и претставник на кабинетот на словенечкиот претседател Борут Пахор.

Во салата е и поранешниот веќе претседател Ѓорге Иванов, исто така и Бранко Црвенковски. Во пленарната сала присуствуваат и пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНE.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO